Свет
20. November 2015 - 15:29

Најмалку шест лица убиени во двоен бомбашки напад во Ирак

Во двоен бомбаши напад во близина на шиитска џамија во Ирак денеска загинаа најмалку шест лица и уште 19 се ранети, информираа француските медиуми.

Според полковник на полицијата, во близина на џамијата, во моментите кога од неа излегувале верници, експлодирала подметната бомба. Џамијата се наоѓа во месност населена со сунити, на околу 25 километри јужно од Багдад.

Атентаторот самоубиец потоа самиот си го одзел животот кога на местото на првата експлозија пристигнале силите за безбедност.