Свет
8. February 2017 - 14:12

Најмалку шест цивили загинаа во Авганистан

Најмалку шест лица загинаа, а двајца се водат за исчезнати при напад во северниот дел на Авганистан.

Загинатите и исчезнатите се Авганистанци ангажирани од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

За нападот осомничени се припадници на Исламска држава.

- Шокирани сме и очајни, изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст без да наведе повеќе детали за нападот.