Свет
30. April 2016 - 9:43

Најмалку седуммина загинати при уривање на зграда во Најроби

Најмалку седум луѓе загинаа, а десетици се заробени под урнатините на седумкатна зграда која синоќа се урна во главниот град на Кенија, Најроби.

Зградата се урнала по повеќедневните обилни дождови и поплави.

- Спасувачите извлекоа 128 луѓе од под урнатините, изјави портпаролот на кениската полиција Чарлс Оино, додавајќи дека се расчистуваат остатоците од зградата.