Балкан
31. October 2016 - 17:38

Најмалку седум луѓе загинаа во судир меѓе турската армија и ПКК

Тројца турски војници и четворица борци на Курдската работничка партија (ПКК) денеска загинаа во престрелка во југоисточна Турција, соопштија турските безбедносни сили.

Војниците биле во акција во реонот на градот Даглаџа, округ Хакари, при што биле нападнати од борците на ПКК.

Во судирот еден војник е повреден.