Свет
25. January 2021 - 10:49

Најмалку петмина загинати во вооружен инциент во Индианаполис

Пет лица загинаа, меѓу кои и 19-годишна бремена жена во пукотница во северниот дел на Индианаполис. При нападот е повредени едно малолетно лице, кое е во критична состојба.

Иако истрагата е во почетна фаза, американската полиција претпоставува дека нападот бил планиран, а бил изведен од повеќе напаѓачи.

– Ова што уутрово се случи не е обично насилство… Ова е масовно убиство, изјави градоначалникот на Индијанаполис, Џо Хогсет.