Свет
12. April 2017 - 16:55

Најмалку петмина загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени откако бомбаш-самоубиец го активира експлозивот во близина на неколку министерства во главниот град на Авганистан, Кабул.

Според портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш се очекува бројот на жртвите  да биде поголем.

Експлозијата се случила на крајот од работното време на министерствата и вработените заминувале за дома.