Loading Video...
Свет
6. September 2018 - 16:33

Најмалку осуммина загинати,128 повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија

Најмалку 8 лица загинаа,над 150 се повредени, а 40 се водат за исчезнати во силниот земјотрес што го погоди островот Хокаидо во северниот дел на Јапонија.

Земјотресот уништил голем број куќи и други објекти, предизвика свлечишта, и го прекина воздушниот и железничкиот сообраќај.

Земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала е со епицентар во близина на градот Сапоро.Околу 3 милиони жители се без електрична енергија..

Откажани се повеќе од 200 летови, што директно погоди 40.000 патници. Ова е прв земјотрес од 1996-та година на островот Хокаидо, кој е посилен од шест единици по Рихтер.