-->
-->
Најмалку осуммина загинати на островот Сент Мартин од ураганот „Ирма“
-->
Според најновите информации, најмалку осум лица го загубиле животот, а 23 се повредени на островот Сент Мартин при ударот на ураганот „Ирма“, јави дописникот на МИА од Париз.
Изјавата ја даде францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом, кој стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем бидејќи околу седум илјади лица одбиле да бидат евакуирани.
- По минувањето на урагнатот, 95 отсто од островите Сент Мартин и Сент Бартелеми се уништени, истакна Даниел Гибс, претседател на островската територија.
Француските власти испратија итна помош кон нивните територии, но ситуацијата може да стане посложена со оглед дека од невремето силно е оштетен и аеродормот, но засега е расчисетна една од пистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми