Свет
25. December 2016 - 13:53

Најмалку осуммина загинати или исчезнати при експлозија во фабрика во Кина

Најмалку осум лица загинаа или се водат како исчезнати при експлозија во фабрика за пиротехнички материјали во Кина, јави ДПА. 

При експлозијата се повредени уште 16 други лица, од кои едно се наоѓа во критична состојба.

Причините за експлозијата, што се случила во местото Јанзихе, на околку 180 километри од Пекинг, засега не се познати.