Свет
16. March 2017 - 16:38

Најмалку осуммина ранети при напад во училиште во јужна Франција

Најмалку осум лица се ранети денеска при вооружен напад во средно училиште во градот Грас во јужна Франција, јави електронското издание на весникот „Индепендент“.

Локалните власти на Грас соопштија дека не станува збор за терористички напад, туку „за инцидент поврзан со двајца ученици“.

Според полицијата, инцидентот се случил кога вооружено лице влегло во училиштето „Алексис де Токвил“ и почнало да пука. Според полицски извори, напаѓачот бил вооружен „со пушка, пиштол, револвер и две рачни бомво“. 

Полицијата информира дека по инцидентот упасила едно лице, а по уште едно се уште трага.   

Како што јави дописникот на МИА од Париз, уапсено е едно седуманесетгодишно момче, кое според полицијата, вооружено влегло во гимназијата,

Според неофицијални информации, меѓу ранетите лица е и директорот на гимназијата. 

Веднаш по инцидентот, специјални полициски сили пристигнаа во училиштето, а Владата преку својата апликација за мобилни телефон испрати предупредување за „напад“.

Полицијата побара од жителите на Грас, кој се наоѓа на околу 40 километри од Ница, да останат во своите домови и да не излегуваат на улица.

Денешниот инцидент доаѓа откако утринава Министерството за правда на Франција најави дека е можно да биде укината вонредната состојба во земјата, што беше воведена по терорстичките напади на 13 ноември 2015 година.