Свет
12. July 2015 - 11:14

Најмалку осум загинати во пожар за стари лица во Шпанија

Најмалку осум стари лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, во североисточниот дел на Шпанија, соопшти денеска портпаролот на регионалната влада. 

Меѓу 12-мината повредени, две лица се во тешка состојба, изјави портпаролот на Арагон. 

Пожарот избувна синоќа околу полноќ и полицијата се уште работи на утврдување на причините за несреќата. Меѓу повредените е и еден работник во дом за стари лица.