Свет
17. February 2019 - 12:15

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Бангладеш

Во голем пожар кој зафати повеќе од 200 куќи во сиромашниот дел на пристаништето Читагонг во Бангладеш загинаа најмалку осум луѓе, а над 50 се повредени, соопшти локалната полиција.

Пожарникарските служби соопштија дека пожарот е најверојатно предизвикан од краток спој.

Бангладеш е сиромашна земја во која ретко се почитуваат безбедносните правила и каде секоја година во несреќи загинуваат стотици луѓе.