-->
-->
Најмалку едно лице загина во земјотресот во Пакистан
-->

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Пакистан и Авганистан, загина девојче, а пет лица се повредени откако се урна покрив на куќа во едно село во пакистанската провинција Балучистан.
Пакистанските власти се уште ја проценуваат штетата во Балучистан.
Епицентарот на земјотресот бил на планината Хиндукуш на длабочина од 191 километри.
Земјотресот е почувствуван и во главните градови на Авганистан и на Пакистан, Кабул и Исламабад, како и во главниот град на Индија, Њу Делхи и во индискиот дел на Кашмир.
Во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтер во 2005 година во Пакистан и во Кашмир загинаа илјада луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
