Свет
29. November 2021 - 17:30

Најмалку едно лице загина во страшно невреме во Истанбул | ВИДЕО

Попладнево катастрофално невреме го погоди Истанбул и други делови од Турција, загина најмалку едно лице а нанесена е голема материјална штета на градот.

Според турските медиуми, една жена е убиена во квартот Есенјурт во Истанбул, каде од силни удари бил откорнат дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија. Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.

На друго место во градот, ветрот сруши саат-кула, откорна дрвја и преврти најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.

Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.

Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.