Свет
26. January 2017 - 14:10

Најмалку еден загинат при експлозија во руска термоелектрана

Најмалку едно лице загина при експлозија во термоелектрана во централна Русија. 

- Од силната експлозија уништени се повеќе од 600 квадратни метри метална постројка, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Според прелиминарните резултати експлозијата била предизвикана од смеша на гасови.