Свет
2. October 2017 - 10:20

Најмалку две жртви во напад во хотел во Лас Вегас

Најмалку две лица ги загубија животите во напад во хотел во Лас Вегас, додека 24 се хоспитализирани со прострелни рани, соопшти портпарол на Универзитетската болница во Лас Вегас.

Си-Ен-Ен јави дека најверојатно  еден од напаѓачите е убиен.

Најмалку дванаесетмина од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата побарала сите амбулантни возила од градот да бидат испратени кон местото на инцидентот.