Свет
31. October 2015 - 9:46

Најмалку две лица загинаа во поплави во Тексас

Најмалку две лица загинаа, а уште двајца се водат за исчезнати во поплавите  во американската сојузна држава Тексас.

Поројните дождови предизвикале поплави и на патиштата во централните делови на Тексас, вклучително и во Остин. Двајцата мажи загинале откако нивните автомобили биле однесени од надојдената вода.

Од поројните дождови зафатена е и соседната американска сојузна држава Лујзијана.