Свет
4. February 2018 - 13:50

Најмалку две лица загинаа, а над 50 се повредени во железничка несреќа во Јужна Каролина

Најмалку две лица загинаа и над 50 се повредени откако патнички воз се судри со товарен воз и излета од шините во Јужна Каролина. 

Во патничкиот воз, што се движел на линијата Њујорк-Мајами, се наоѓаlе 139 патници и осум членови на екипажот.