Свет
8. April 2017 - 14:27

Најмалку двајца загинати и четворица повредени при уривање на станбен блок во Полска

Две лица загинаа, а четворица се повредени при уривање на станбена зграда во југозападна Полска, пренесува БТА.

Даниел Муха, портпарол на противпожарната служба во Вроцлав, рече дека станбениот блок се урнал изутринава во градот Шведоџице.

Според него, уривањето на два ката од зградата може да е предизвикано од експлозија на гас.

Муха рече дека над 20 пожарникари ги пребаруваат урнатините. Се уште не е позната судбината на 11 лица.