Македонија
15. јуни 2018 - 16:42

Најмалку два автомобили се оштетени во Скопје од паднати дрвја после синоќешното невреме

Синоќешното невреме повторно направи штети и хаос по скопските улици. Ноќеска дрво паднало врз автомобилот на Скопјанецот Горан Николиќ во Капиштец.

-Ноќеска е паднато кое време незнам додека без тука до 21 часот се беше во ред, изјави Горан Николиќ, жител на Скопје.

Николиќ  вели дека  неколку пати пријавувал во службите дека дрвото е старо и може да падне за да го исечат. Ќе бара оштета од градот. Повикал и полиција да изврши увид.

-Секако дека ќе барам оштета дали ќе добијам незнам. Не ми е Каско осигурано, не е некое возило Каско да се осигура, но ми е љубимец, сум го чувал како очите во глава, додаде Николиќ.

Синоќа и во текот на денот екипи на “Паркови и зеленоло” интервенирале на 4 места во Скопје каде биле пријавени паднати дрвја. И во Чаир бил оштетен автомобил.

-Интервенирано е на две улици во Карпош, на една улица во Чаир и денеска на улицата Рузвелтова, изјави Ардијан Муча, директор на ЈП Паркови и зеленило.

Од УХМР информираа дека вчера впо главниот град наврнале 40 метри на метар квадратен воден талог. А нестабилно време со пороен дожд, силен ветер и грмежи најавуваат и за денеска.