Свет
10. November 2018 - 11:04

Најмалку девет жртви во пожари во Калифорнија, десетици се исчезнати

Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летовалиште Малибу е загозено од друг пожар што брзо напредува.
 
– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.
 
Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто, каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.\
 
Тројца загинати се пронајдени вчера вон една куќа и уште една во куќа.
 
Десетици се сметаат за исчезнати.
 
 
Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живета таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Вкпно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија.