Свет
1. November 2015 - 11:28

Најмалку девет лица загинаа во терористички напад во Могадишу

Најмалку девет лица загинаа, а десет се ранети денеска во напад на исламисти врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти сомалиската полиција.

Според телевизијата Ал Џазира во нападот загинале 15 лица, а ранети се десетици.

Нападот почнал со експлозија на автомобил бомба, активирана од бомбаш самоубиец пред вратата на хотелот „Сахафи“, Потоа во објектот упаднале вооружени мажи, кои отвориле оган кон луѓето во хотелот. Следела втора експлозија, надвор од хотел, веројатно од автомобил паркиран пред зградата. 

Според сомалиската полиција екстремистите, кои се уште се во објектот, зеле заложници, а во хотелот се уште се слушаат истрели.

Според последните информации убиен е сопственикот на хотелот, еден генерал во оставка и други вработени. На местото на нападот, за кој одговорноста за презеде групацијата Ал Шабаб, пристигнале сомалиски војници и членови на мисијата на Африканска унија. 

Ова не е прв напад врз овој хотел, во кој често престојуваат владини претставници и бизнисмени. Во 2009 година од него беа киднапирани двајца француски советници за безбедност.