Свет
15. April 2016 - 9:10

Најмалку девет лица загинаа, 950 повредени во земјотресите во Јапонија

Најмалку девет лица загинаа, а 950 се повредени вчера во неколку потреси со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кои го погодија југозападот на Јапонија, јави ДПА.

Земјотресот предизвика и голема штета, а десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови.

Потресот се случил во област каде што се наоѓаат неколку нуклеарни реактори, а тие се неоштетени, соопштија оператори.

Стотина лица се повредени во префектурата Кумамото и на други места на островот Кјушу. Евакуирани се 44.000 лица од Кумамото, што се наоѓа на 900 км југозападно од Токио.

Најмалку 19 куќи се урнале и избија повеќе пожари, соопштија спасувачките служби и локалните власти.

Во деветте часа по првичниот потрес следеле околу сто вторични потреси со интензитет меѓу 3,3 и 6,4 степени. Се очекуваат се уште вторични потреси во наредните денови.