Најмалку девет лица загинаа, 950 повредени во земјотресите во Јапонија
Најмалку девет лица загинаа, а 950 се повредени вчера во неколку потреси со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кои го погодија југозападот на Јапонија, јави ДПА.
Земјотресот предизвика и голема штета, а десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови.
Потресот се случил во област каде што се наоѓаат неколку нуклеарни реактори, а тие се неоштетени, соопштија оператори.
Стотина лица се повредени во префектурата Кумамото и на други места на островот Кјушу. Евакуирани се 44.000 лица од Кумамото, што се наоѓа на 900 км југозападно од Токио.
Најмалку 19 куќи се урнале и избија повеќе пожари, соопштија спасувачките служби и локалните власти.
Во деветте часа по првичниот потрес следеле околу сто вторични потреси со интензитет меѓу 3,3 и 6,4 степени. Се очекуваат се уште вторични потреси во наредните денови.
Ново на Сител
-
Денеска е Свети пророк Авакум
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Теленор го отфрли Хуавеј и го избра Ериксон за 5Г
-
Њу Орлеанс прогласи вонредна состојба поради кибер напади
-
Старџен: Добивме мандат за референдум за независност на Шкотска
-
Балетот го одбележува 70-годишниот јубилеј
-
Белгиски карневал отстранет од листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство
-
За една година уништена прашума со големина на Порторико