Свет
8. July 2020 - 8:44

Најмалку девет лица се затрупани во лизгања на земјиште во Хубеи

Најмалку девет лица се затрупани во свлечишта во кинеската провинција Хубеи, откако најобилните дождови во изминатите децении предизвикаа поплави во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.

Свлечиштето има и во областа Хуангами, а во тек е операција за спасување.

Од 1 јуни, количината на врнежи во одредени региони во провинциите Хубеи, Анхуи, Џеијанг и Чонгкинг достигна највисоко ниво за овој период од годината од 1961 година, а во некои области падна два до три пати повеќе дожд од вообичаеното.