Свет
20. јуни 2017 - 14:45

Најмалку десет загинати при напад со автомобил-бомба во Могадишу

Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени денеска при напад со автомобил-бомба што беше извршен пред владини згради во Могадишу. 

Одговорноста за нападот ја презеде групата Ал Шабаб. 

Во експлозијата се уништени зградите на општинските власти во населбата Вадаџир и над 10 автомобили.