Свет
15. November 2017 - 22:10

Најмалку десет лица загинаа во самоубиствен напад во Нигерија

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 30 се повредени во самоубиствен напад во градот Маидугури, североисточна Нигерија, изјави портпаролот на Државната агенција за итни ситуации, Бело Дамбата.

Тој додаде дека нападот се случил во дистриктот Муна Гарж.

Маидугури е главен град на нигериската држава Борно и епицентар на дејствување на исламистичката милитантна група Боко Харам.