Свет
28. јуни 2018 - 22:45

Најмалку четворица застрелани во новинска агенција во Мериленд

Најмалку четири лица се застрелани во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд.

Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговарила на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.

Локалниот шериф Рон Бејтмен изјави дека еден осомничен е уапсен.

Претходно, „Д Балтимор Сан“, кој го поседува весникот од Анаполис, потврди дека имало пукање во редакцијата.