Свет
15. December 2019 - 15:26

Најмалку четворица загинати во земјотресот на Филипини

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, што го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини, соопштија локалните власти.

Полицијата информира дека меѓу жртвите е и шестгодишно девојче кое загинало кога врз неа се урнал ѕид.

Најмалку три лица загинаа, а неколкумина повредени кога се сруши трокатната зграда, во чие приземје имало продавница. Локалните ммедиуми јавуваат дека е можно под урнатините да има уште тела.

Спасувачките операции беа привремено стопирани поради скоро 90 помали земјотреси, што следуваа по главниот потрес.

Родниот град на претседателот Родриго Дутерте, Давао Сити, исто така е меѓу погодените области од земјотресот. Портпаролот на претседателот изјави дека Дутерте и неговото семејство се „добри“.

Филипините се наоѓаат на Тихоокеанскиот огнен прстен, каде се случуваат 90 отсто од сите потреси во светот.