Свет
18. July 2015 - 18:59

Најмалку четворица загинати во налет на тајфун во Јапонија

Најмалку четири лица загинаа, а 56 се повредени во налет на тајфун што погоди 18 префектури во западниот дел ја Јапонија.

Повеќе железнички линии во префектурата Осака се во прекин, а од обилните дождови погодени се околу 500.000 луѓе.

Тајфунот Нангка во четвртокот ја погоди јужна Јапонија и на островот Шикоку имаше обилни врнежи од дожд и силен ветер.