Најмалку четворица убиени и 15 повредени во експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан
Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени при денешната експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан утринава, соопшти мисијата на НАТО во земјата.
За нападот одговорност преземаа талибанските вооружени групи, јави ДПА.
Во порака на Твитер, Талибанците наведоа дека бомбаш-самоубиец го извршил нападот, при што беа убиени четворица и повредени 15 лица.
Загинатите се странци, но засега не е позната нивната националност.
Експлозијата во воздухопловната база „Баграм", во источната провинција Парван, одекнаа малку по 05.30 часот (02.00 ч. по македонско време).
САД имаат околу 10.000 војници во Авганистан, а најголемиот американски контингент во земјата е лоциран токму во базата „Баграм", на педесетина километри северно од престолнината Кабул.
Во четвртокот навече четири лица загинаа и 128 беа повредени кога бомбаш-самоубиец со камион натоварен со експлозив удри во германскиот конзулат во северниот авганистански град Мазар Шариф. И за овој напад одговорноста ја презедоа талибанците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација