Свет
16. November 2016 - 8:47

Најмалку четири лица загинаа при самоубиствен напад во Кабул

Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени во самоубиствен напад со мотоцикл во авганистанскиот главен град Кабул.

Нападот бил извршен кога мотоциклот удрил во автомобил, со кој се превезувале воени лица.

Претставник на авганистанското Министерство за внатрешни работи го потврди нападот, но нагласи дека засега не може да соопшти точни податоци за бројот на загинатите и повредените.