Свет
14. January 2020 - 23:20

Најмалку четири лица се повредени во силната експлозија и пожар во фабрика во Тарагона

Во фабрика во индустриската зона во Тарагона, Шпанија, денеска се случи експлозија што предизвика пожар. Во несреќата повредени се најмалку четворица, соопшти каталонската Агенција за цивилна одбрана.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е хемиски акцидент.

Граѓаните се предупредени да го избегнуваат местото на експлозијата, да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите.

Тарагона се наоѓа на 115 километри југозападно од Барселона.