Најмалку 800 цивили убиени во Источна Гута од 18 февруари
Најмалку 800 цивили, од кои 177 деца, загинаа при воздушни и артилерски напади во Источна Гута од почетокот на офанзивата на сириските владини сили врз последниот бунтовнички бастион во близина на главниот град Дамаск на 18 февруари, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторниг на човековите права.
Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, само при денешните напади на сириските владини сили врз Источна Гута загинале 19 цивили, од кои четири деца.
Бомбрадирањата не запреа дури и за време на дневниот петчасовен прекин на огнот, што го прогласи од Русија, се наведува во соопштението на Центарот.
Претходно денеска, како што јави МИА, Франција и Велика Британија побараа свикување вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН посветено на случувањата во Сирија.
Според најавите од седиштето на ОН, се очекува седницата да се одржи утре.
Париз и Лондон побараа на седницата да се разговара „за неуспехот во спроведувањето на 30-дневниот хуманитарен прекин на огнот“ во Сирија, кој беше прогласен со Резулуцијата усвоена од Советот за безбдедност на ОН на 24 февруари.
Барањето на двете постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН доаѓа во време кога сириските владини сили, кои ја имаат поддршката на Русија и Иран, продолжуваат со офанзивата против последниот бастион на бунтовниците во близина на главниот град Дамаск, Источна Гута.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца