Loading Video...
Балкан
26. July 2018 - 18:05

Најмалку 80 мртви и над 200 исчезнати лица во пожарот на Атика-Каменос дочекан од гневни граѓани

Шумските пожари во грчката област Атика се ставени под контрола. Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата  по исчезнатите чиј број достигна 200.  Потрагата нема да запре се додека не се проверат сите места зафатени од големите шумски пожари што избувнаа пред три дена  изјави портпаролката на Грчката противпожарна служба.  

Огнената стихија однесе најмалку 80 животи. Многу од пронајдените тела се целосно изгорени, што ке ја отежни идентификацијатата велат пожарникрите.  Утрово грчкиот министер за одбрана  Панос Каменос посети некои од погодените  места, меѓу  кои и Мати. 

Како што пренесуваат грчките медиуми,  Каменос го пречекале неколку гневни грагани  на МАТИ  кои  му порачале дека владата требало побрзо да реагира  за да не загинат толку многу луѓе.   Оние кои имаа повеке срека да се спасат се вракаат во уништените домови.  Над 1000 луѓе се сместени во прифанти центри. Од сите делови на Грција пристигнува помош, храна, вода, облека и лекови за настраданите.

Грчките власти сеуште истражуваат што ги предизвикало катастрофалните пожари.