Свет
6. April 2019 - 9:53

Најмалку 70 жртви во поплави во Иран

Најмалку 70 лица загинаа во големите поплави кои ја зафатија југозападната провинција Кузестан во Иран, соопштија иранските власти.

Евакуирани се најмалку девет градови и десетина села, јави „АП“, додавајќи дека провинцијата претходно била погодена од повеќегодишна суша.

Министерот за внатрешни работи, Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 лица се загрозени во оваа провинција, која брои околу пет милиони жители.

Загрозените жители на Кузестан, спасувачките екипи ги пренесоа до најблиските засолништа, вклучувајќи и три воени касарни.