Свет
14. July 2017 - 9:13

Најмалку 60 загинати и над два милиона погодени од поплави во Индија

Во поплави на североисток во Индија животот го загубија најмалку 60 луѓе, а над два милиона се загрозени, соопштија властите.

Поплавите што траат веќе три недели најтешко ја погодија индиската држава Асам каде од средината на јуни досега животот го загубија 45 луѓе.

Во соседната држава Аруначал Прадеш смртно страдаа 14 луѓе. Сезоната на монсуни во Индија, кога се случуваат најголем број поплави во Индија трае од јуни до септември.