Loading Video...
Свет
22. August 2020 - 16:32

Најмалку 6 лица загинаа во големите шумски пожари во Калифорнија

Најмалку 6 лица загинаа во големите шумски пожари кои во последните неколку дена беснеат во сојузната американска држава Калифорнија. Локалните медиуми јавуваат дека на терен се повеќе од 12.000 пожарникари кои и покрај максималните напори не успеале да спасат стотина објекти кои изгореле додека илјадници со во опасност. Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом веќе побара помош од Канада и Австралија земји кои имаат големо искуство со вакви природни непогоди. Тој потенцираше дека пожарите ги надминуваат ресурсите со кои располата Калифорнија и апелираше до Претседателот Трамп  да потпише декларација за големата катастрофа.

Повеќе од 175.000 луѓе ги напуштиле своите домови а локалните власти информираат дека во моментов активни се околу 560 жаришта. Најтешка е ситуацијата на планините јужно и источно од Сан Франциско а огнената стихија му се заканува и на градот Санта Круз. Пожарите се предизвикани од повеќе од 12.000 удари на гром во екот на топлотниот бран во националниот парк Долина на смртта кога беше регистрирана рекордна температура од 54 степени.

Рускиот опозиционер Алексеј Навални утрово е префрлен во Берлин каде треба да продолжи неговиот медицински третман откако завчера значително се влоши неговата состојба откако претходно пиел чај на аеродром во Сибир.
Цел конвој од неколку возила на итната помош со полициска придружба и возило на противпожарната служба го пренесува Навални во берлинската болница. Германските лекари соопштија пред летот дека тој се наоѓа во стабилна состојба, а неговото семејство вети дека подоцна во текот на денот ќе се огласи за јавноста. Германските доктори информираат дека се уште се дијагностицира неговата состојба и дека немаат информации од кои причини се влошило неговото здравје, откако претходно, дел од медиумите но и неговото семејство шпекулираа дека тој бил отруен. Независнисте истражувања спроведени во три лаборатории во Русија не откриле никакви знаци на труење кај Навални, објави вчера вечерта главниот лекар во болницата во Омск, Александар Мураховски. Навални, кој повеќе од 10 години нема некоја посебна тежина на руската политичка сцена, пишува антикорупциски блог а западот го доживува како водечки критичар на Кремљ.

Српскиот Претседател Александар Вучиќ на 3 септември патува во Вашингтон на разговори со косовски претставници. Како што изјави српскиот шеф на државата, на средбата се очекува и присуство на американскиот Претседател Доналд Трамп во насока на притисок да се издејствува договор меѓу двете страни.
Сепак Вучиќ кој пред неколку дена изјави дека додека е при свест нема намера да го признае Косово, денеска во интервју за Прва Српска вели дека планира да разговара за развој на економијата, коментирајќи ги разговорите за признавање на Косово како несериозни. Српскиот претседател ја состојбата со корона вирусот во Србија ја оцени како најдобра во регионот и најави дека ќе биде првиот кој што ќе ја прими онаа вакцина за која српските експерти ќе дадат зелено светло.