Најмалку 55 загинати во експлозијата во близина на училиште во Кабул
Најмалку 55 лица загинаа во експлозијата што се случи вчера во близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан рече дека најмалку 52 лица, претежно ученици, биле повредени во експлозијата, меѓутоа денеска тој број е зголемен на повеќе од 150 лица, додека портпаролот на Министерството за здравство, Гулам Дастагир Назари изјави дека досега се хоспитализирани 46 лица.
– Тоа е заедничко средно училиште за девојчиња и момчиња кои учат во три смени, од кои учениците од втората смена најмногу претрпеа во нападот, изјави Наџиба Аријан, портпаролка на Министерството за образование.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги обвини талибанците.
Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид негираше вмешаност на бунтовничката група и го осуди инцидентот.
Кабул е во состојба на готовност откако Вашингтон ги објави плановите во април да ги повлече сите американски трупи од Авганистан до 11 септември, додека авганистанските власти соопштија дека талибанците ги засилиле нападите низ целата земја.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи