Свет
28. July 2017 - 14:58

Најмалку 54 повредени во железничка несреќа во Барселона

Најмалку 54 луѓе се повредени денеска кога воз удри во столб на крајот на шините на главната железничка станица во центарот на шпанскиот град Барселона.

Полицијата соопшти дека едно лице е потешко повредено, 19, меѓу кои и машиновозачот, се здобиле со „помалку сериозни“ повреди, додека 34 патници минале со полесни повреди.

Меѓу повредените покрај Шпанци, има и државјани на Франција и Романија.

Причините за несреќата засега не се официјлано соопштени, но Би-Би-Си, повикувајќи се на неофицијални извори, јави дека машиновозачот најверојатно не кочел при влегувањето на возот во станицата. Возот влегол во станицата со брзина од околу 80 километри на час.