Свет
2. July 2020 - 9:30

Најмалку 50 рудари загинаа при свлечиште на рудник за жад во Мјанмар

Најмалку 50 рудари загинаа денеска во свлечиште во рудник за жад во северен Мјанмар, соопштија властите.

Се претпоставува дека има повеќе настрадани, но дека тие се затрупани, пренесува Би-Би-Си.

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.

Мјанмар се смета за еден од најголемите извори на жад во светот, но во рудниците често доаѓа до несреќни случаи.