Најмалку 48 загинати во нов терористички напад
Најмалку 48 луѓе загинаа, а неколку десетици други се ранети денеска при експлозија на автомобил бомба во јужниот дел од Багдад.
Претставник на локалната болница соопшти дека дел од ранетите луѓе се наоѓаат во критична состојба.
Безбедносни извори информираа дека автомобилот бомба експлодирал на улица на која имало повеќе продавници за стари возила во населбата Хај ал Шурта.
Одговорност за овој најсмртоносен напад во Багдад од почетокот на годинава, презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Групата зачести со извршување терористичките напади ширум Ирак по засилувањето на воздушните напади на авионите на антиџихадистичката коалиција врз нејзините позиција и по почетокот на офанзивата на ирачките сили за освојување на градот Мосул, кој е последен голем град во Ирак под контрола на ИД.
Ова е втор напад во Багдад во последниве 24 часа, откако вчера бомбаш самоубиец детонираше камионет бомба во багдадското предградие Садр, при што загинаа 15, а беа ранети над 50 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација