Најмалку 44 повредении во судири меѓу полицијата и демонстранти во Хонг Конг
Најмалку 44 лица се повредени во жестоки судири во текот на минатата моќ на улиците во Хонг Конг, до кои дојде откако властите одлучија да ги отстранат илегално поставените тезги за продажба на храна.
Најголемиот број од повредените се полицајци, но со повреди се здобиле и неколкумина демонстранти, како и новинари кои ги следеле протестите.
Гневните демонстранти, незадоволни што полицијата им ги урива тезгите, почнале да фрлаат со тули, камења и се што им се нашло при рака за да ги растераат полицијците.
Силите на редот возвратиле, прво употребувајќи палки, потоа солзавец, а на крајот дури и стрелале од огнено оружје во воздухот, со цел да ги запрат тепачките на демонстрантите и полицајците.
Според полициските власти, досега се уапсени 23 лица.
Ова беа досега најбројни и најнасилни протести во Хонг Конг по случувањата од 2014 година и масовните и долготрајни продемократски демонстрации.
Во протестите од ноќеска учестувале и припаднци на десетина групи кои се означуваат како „анти-пекиншки“. Претставник на една од тие групи изјави дека се приклучиле кон демонстраците за да ја одбраната, како што рече, културата на живеење и пазарување во Хонг Конг.
Не е познато зошто властите и полицијата во Хонг Конг се определиле да ги уриваат илегално поставените тезги за храна токму во време на прославата на кинеската Нова Година, кога досега тоа се толерираше.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО