Свет
24. November 2016 - 9:51

Најмалку 40 загинати при уривање на скеле на градилиште во Кина

Најмалку 40 лица загинаа изутринава кога на градилиште во источна Кина се урна скеле.

Инцидентот се случил за време на градежните работи на платформа на системот на разладување на електрана во источната кинеска провинција Џанси, јави кинеската агенција Синхуа.

Постојат стравувања дека уште луѓе се заробени под урнатините, а на местото на несреќата пристигнале спасувачки екипи.