Свет
1. April 2018 - 18:46

Најмалку 38 лица повредени при земјотрес во Иран

 - Во земјотресот со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди западен Иран, повредени се 38 луѓе.

Поголемиот број од повредените луѓе по добиената лекарска помош пуштени се на домашно лекување.

Епицентарот бил во градот Сарпол-е-Захаб, каде во ноември минатата година беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, при што загинаа околу 600 лица.

Иран е трусно подрачје поради што земјотресите се чести. Во земјотерсот со интензитет од 6,6 степени во 2003 година, што го погоди древниот град Бам, загинаа 26.000 луѓе.