Свет
4. April 2017 - 10:05

Најмалку 35 загинати цивили во Идлиб во воздушни удари со признаци на хемиски напад

Најмалку 35 луѓе загинаа и десетици се повредени во денешниот воздушен напад во сириската провинција Идлиб, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.

Според нив, во нападот најверојатно е користен токсичен гас во нападите врз градот Хан Шејхун

Дамаск неколкупати негираше дека користи таков вид оружје при нападите.