Свет
11. August 2016 - 13:18

Најмалку 30 загинати при руски воздушни напади во Рака

Најмалку 30 лица загинаа, а околу 70 други се ранети денеска при руски воздушни напади врз главното упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, градот Рака, јави ДПА, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, руските авиони извршиле над 10 напади во Рака и неговата околина.

Руското Министертсво за одбрана, од своја страна, соопшти дека авиони на Военото воздухопловство на Русија денеска уништиле повеќе цели на ИД во Рака.

Како што јави ТАСС, во соопштенеито на Минситерството се наведува дека меѓу уништените цели имало магацини со оружје, муниција и гориво, како и фабрика за присводство на хемиско оружје, која се наоѓала на периферијата на Рака.  

Авионите од типот Ту-22М3, кои ги извршиле нападите, полетале од бази во Русија. На летот над сириската територија тие биле придружувани од руски авиони-ловци, стационирани во воздухополвната база Хмејмим во северозападна Сирија. 

При нападите, според Министерството, џихадисите претрпеле големи метеријални штети и биле убиени „голем број милитанти“. 

По заврашената акција сите руски авиони се вратија безбедно во своите бази, се нагласува во соопштението.