Свет
11. March 2017 - 12:27

Најмалку 30 загинати при две експлозии во Дамаск

Најмалку 30 лица загинаа денеска при експлозија на две бомби во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Веста за експлозиите ја потврдија и сириските државни медиуми кои прецизираа дека тие се случиле во стариот дел на Дамаск, но не изнесоа кокретни бројки за загинати и повредени. 

Според истите извори, двете бомбите „поставени од терористи“, експлодирале во близина на гробиштата во населбата Баб Мусала.