Свет
14. December 2017 - 9:17

Најмалку 30 лица беа убиени во воздушните напади во Јемен

Најмалку 30 лица загинаа во главниот град на Јемен, Сана при во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, соопшти портпарол на Министерството за здравство што е под контрола на бунтовниците.

Во нападите  повредени се 80 лица.

Убиените  се затвореници или цивили.
Авионите на коалицијата погодија неколку позиции на бунтовниците Хути во Сана, меѓу кои и еден затвор, нагласуваат очевидци.