Loading Video...
Свет
4. July 2021 - 16:37

Најмалку 29 загинати во пад на филипински воен авион

Најмалку 29 лица загинале во уривањето на воен транспортен авион на југот на Филипините, а се стравува дека уште 17 го загубиле животот. Спасувачките екипи успеале да спасат 50 војници.

Авионот со 92 лица се урнал откако пилотот ја промашил пистата. Војниците требале да се приклучат на единиците за борба против исламските терористи на Абу Сајаф. Повеќето од нив само што се приклучиле на воените сили и го поминале само основниот тренинг.